(ВИДЕО) Голема експлозија: 19 мртви

Од:

Најмалку 19 лица загинаа, а 17 се повредени во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави иранската државна телевизија.

Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник.

Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо, јавува Ројтерс.

Во блоковите Б и Ц на рудникот, кои беа погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. На местото е во тек спасувачка операција, јавува иранската државна агенција Мехр.

Експлозијата во источен Иран се случила во саботата околу 21 часот по локално време во еден од рудниците во градот Табас, на околу 540 километри југоисточно од Техеран, пренесува АП.

Ова не е прва ваква несреќа што ја снајде иранската рударска индустрија, потсетува американската агенција.

Во 2009 година таму загинаа 20 работници во повеќе несреќи, додека во 2017 година најмалку 42 лица ги загубија животите во експлозија во рудник за јаглен.

АП укажува на недоволно високи безбедносни стандарди и несоодветни служби за итни случаи во рударските области во Иран.

Иран е богат со различни руди и годишно троши околу 3,5 милиони тони јаглен, но ископува само околу 1,8 милиони тони годишно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ