Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

Од:

Русија нема да учествува на „мировните самити“ за Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Така таа ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата намера да одржи втор мировен самит во ноември и да ја покани Русија на него.

Руските претставници не учествуваа на ниту еден состанок во рамките на процесот Бургенсток и немаат намера да учествуваат во овој процес, се вели во изјавата на Захарова објавена на веб-страницата на министерството, пренесува РИА Новости.

Според Захарова, Москва не се откажува од политичкото и дипломатското решение на кризата и е подготвена да разговара за навистина сериозни предлози кои ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот, геополитичката реалност што се појавува и соодветната иницијатива формулирана од рускиот претседател Владимир Путин на 14 јуни.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Двајца кинески војници заробени за време на борбите во источна Украина

А1он

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната