Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Од:

Иако составот на новата француска влада се уште не е откриен, неколку илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Париз за да го изразат своето противење на францускиот претседател Емануел Макрон и францускиот премиер Мишел Барние.

Демонстрации попладне се одржаа и во Марсеј, Ница и Тулуз, а утрово во Кан и Бордо. Протести се одржуваат на повик на бројни здруженија како Гринпис, Ну Ту, Атак Франција, средношколски синдикати, но и левичарски партии меѓу кои и Непокорна Франција.

Барние, кој беше назначен за премиер пред повеќе од две недели, синоќа му ја испрати на Макрон финалната листа на членови на новата влада.

Од кабинетот на Мишел Барние уверија дека шефот на владата ќе го претстави својот тим пред недела. Во четвртокот Барние планирал да предложи влада од 38 министри, дознава француската телевизија.

Сите 16 министри се од партиите на центарот и десницата, освен еден од Левицата.

Француската телевизија објави дека Себастиен Лекурни ќе биде министер за одбрана, Катрин Вотрин министер за прекуморски територии, Рашида Дати министер за култура, Бруно Ретаљо министер за внатрешни работи и Ана Женевар министер за земјоделство.

Во меѓувреме, Џералд Дарманен го потврди своето заминување од владата. Министерот за внатрешни работи во заминување вчера потврди дека нема да биде дел од новата влада, во порака објавена на платформата Икс.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт