Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

Од:

Мајката, која е осомничена дека вчера со нож ги избодела своите три деца во семејната куќа во Таненг, оставила писмо, јавуваат француските медиуми.

Ова писмо е главниот фокус на истрагата бидејќи полицајците се обидуваат да го разберат мотивот зад ова тројно убиство.

Според информации блиски до француската полиција, по мајката интензивно се трага, а постои сомневање дека се крие некаде во падините на Алпите.

– Во моментов сослушуваме неколку членови на потесното семејство, а по мајката се уште интензивно се трага, рече обвинителот Борис Дуфо.

„Обдукцијата и дополнителната евалуација ќе ги направи Медицинско-правниот институт Гренбол, но веќе е официјално дека сите тројца починале од убодни рани“, додаде обвинителот.

Извор близок до случајот тврди дека мајката оставила писмо, за кое постои сомневање дека е проштално писмо, но содржината се уште не е позната.

Да потсетиме, таткото синоќа ги пронашол своите деца – две момчиња на возраст од 2 и 11 години и едно девојче (13) – мртви во нивната куќа во Таненг, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија.

Мајката, за која локалните медиуми јавуваат дека боледувала од депресија, моментално е исчезната и се смета за главен осомничен за трагедијата.

Би можело да ве интересира

Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Горан Наумовски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски

Падна владата во Франција

Предраг Петровиќ

Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче

А1он

Настрада 8-годишно девојче во Ирска во обид да ја заштити мајка си

А1он