ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Од:

Нивото на водата на реката Дунав се зголемува во делот на течението низ Србија, јавува Радио Телевизија Србија (РТС). Најзагрозени се населбите кај селата Бездан и Апатин во Војводина. И Нови Сад се подготвува за бран на поплави.

Според надлежните во српскиот Хидрометеоролошки завод, пикот на нивото на реката Дунав се очекува да се случи на 25 септември кај Бездан во Војводина, а два дена подоцна, како што прогнизираат тоа ќе се случи и кај Нови Сад, па потоа кај Земун, Белград и Панчево.


Ваквата состојба се очекува да трае и следните седум до десет дена.

„Очекуваме дека нивото на реката кај Бездан ќе биде 75 сантиметри пониско отколку во тоа во јуни 2013 година“, велат од Хидрометеоролошкиот завод во Србија.

Оттаму велат дека има критични места во подрачјето на поплавување, но дека надлежните преземаат мерки за да се спречат поголеми последици.

Како што јавува РТС, водостојот на Дунав кај Нови Сад утрово изнесува 397 сантиметри, а од почетокот на годинава надмина 560 сантиметри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Европа уште се бори со поплавите, најмалку 17 мртви

Катерина Ѓуровски

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници