Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Од:

Сметам дека тонот кој го користи Република Северна Македонија нема да и помогне да стане членка на Европската Унија, изјави денеска во Софија бугарскиот технички премиер Димитар Главчев.

-Бугарија е предвидлив партнер, лојален на ЕУ. Нема со што да ги изненадивме останатите земји-членки. Го поддржуваме проширувањето и европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Доволно компромиси направивме со националниот идентитет. Република Северна Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ, изјави Главчев.

Изјавата на Главчев е една од серијата реакции на бугарски политичари по забелешките од македонска страна за непоставувањето на македонското знаме за време на неформалната средба на претседателите на двете држави, Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев, минатата недела во Софија, особено по изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој рече дека „очигледно домаќинот не е цивилизиран, ниту има почит, па затоа се случуваат вакви ситуации“.

Европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев, во изјава за Бугарската национална телевизија рече дека ја информирале Европската народна партија за, како што рече однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕПП.

-Мислам дека тие на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес, партијата на Орбан. Тоа си е нивна желба и тие многу се оддалечуваат од вредностите на ЕПП и европската демократија, истакна Ковачев, кој смета дека геополитичката насока која ја избираат властите во Скопје е на линија на политиките на Вучиќ, Орбан, Кина и Русија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини