Едно лице се удави, а 1.600 луѓе беа евакуирани во областа на градот Клок во југозападна Полска, бидејќи локалните реки достигнаа рекордно ниво и се излеаа во неколку општини по неколкудневните врнежи.
„Ситуацијата е многу драматична. Најдраматична е во областа Клок“, изјави премиерот Доналд Туск за новинарите по состанокот со кризниот штаб во градот Клок, пренесува Ројтерс.
Околу 17.000 домаќинства во тој округ останаа без струја и телефонско покривање, а пристапот до некои населени места е практично прекинат, рече Тус.