ВИДЕО: Силно невреме во Далмација, Дубровник под вода, повик да не се излегува од дома

Од:

Силно невреме го зафати Дубровник. Сите служби за итна помош се на терен, а градоначалникот Мато Франковиќ ги повикува граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Силното невреме ги зафати Далмација и Истра. Силен дожд падна низ целиот брег. Поплавени се улици во Макарска, како и во Биоград, Задар и Дубровник.

„Почитувани сограѓани, моменталната екстремна количина на врнежи од дожд ги поплави речиси сите улици во градот. Сите итните служби се на терен. За жал, ова не е се. Според најавите во периодот од 15 до 23 часот очекуваме екстремни количини на врнежи кои ќе предизвикаат бројни проблеми, затоа ве молиме сите наши сограѓани, не ги напуштајте семејните куќи доколку не морате да го заштитите вашиот имот. Нашите итни служби ќе помогнат во испумпувањето на водата од објектите, но не е можно целосно да се реши проблемот со поројните поплави“, изјави градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, пренесе Дубровачки Дневник.

Во Истра на места падна и количина дожд што треба да се очекува во текот на цел септември. Најмногу дожд наврна на потегот од Новиград до Умаг и Бује, на места и над 100 милилитѕри на метар квадратен, како на пример во Дајла каде во последните 24 часа се измерени 103. Во Буја паднале 84, Новиград 74, а во Умаг 65.

Најмалку дожд наврна на југот на Истра, меѓу 20 и 30 милилитри, но и овде се работеше за пообилни количества кои наврнаа за пократко време, пренесува Истрамет.

На места врнежите ќе бидат обилни, а локално е многу веројатно невреме, главно во Далмација, пишува ДХМЗ. Ќе дува слаб до умерен југозападен и југоисточен ветер, понекаде со силни налети, ќе дува кон северен и северозападен правец. На Јадранот умерен до засилен, локален и јужен ветер постепено ќе слабее и ќе се сврти кон северозападен, но во северниот дел во вечерните часови засилување на врнежите. Највисоката температура на воздухот е претежно од 22 до 27 °C.

Цела Хрватска е под метео предупредување. Издадени се жолти и портокалови предупредувања за невреме со грмотевици, силен ветер и обилни врнежи од дожд.

„Бидете подготвени за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од громови. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, бурни ветрови и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“, велат од ДХМЗ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија