На програмата во Шпанското фудбалско првенство изминатите три дена се играа натпреварите од 6. коло кое заврши синоќа со стопроцентен ефект на екипите домаќини на трите дуели.
Атлетик Билбао со пресврт стигна до победата против Бетис, Хетафе беше убедлив во дуелот со Селта Виго, додека Виљареал против Еспањол ја оствари четвртата победа во Примера.
Постигнати резултати на синоќешните средби: Виљареал – Еспањол 2:1, Хетафе – Селта Виго 2:0 и Атлетик Билбао – Бетис 2:1.
Претходно: Барселона – Сосиедад 4:1, Леванте – Ваљадолид 1:1, Малага – Алмерија 2:0, Атлетико Мадрид – Осасуна 2:1, Гранада – Валенсија 0:1, Севиља – Рајо Ваљекано 4:1 и Елче – Реал Мадрид 1:2.
Табела: Барселона 18 бодови, Атлетико Мадрид 18, Реал Мадрид 16, Виљареал 14, Атлетик Билбао 12, Еспањол 11,…