Сириска џихадистичка бунтовничка група, поврзана со терористичката мрежа Ал каеда, запали статуи и крстови во две цркви во Рака и ја искршија камбанаријата на еден од христијанските храмови, соопшти проопозициска невладина организација.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека борци од „Исламска држава во Ирак и Леванта“ осквернавиле две цркви во северниот сириски град, кој е под контрола на групата.
Христијанското малцинство во Сирија е објект на напади од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад, претежно од страна на радикални бунтовници.