Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

Од:

Четири лица, меѓу кои двајца ученици и двајца наставници, се убиени, а девет лица се ранети и хоспитализирани во пукање во средното училиште Апалачи во Џорџија, јави Си-Ен-Ен.

„Полицијата примила повик за напаѓач со огнено оружје во училиштето околу 10.20 часот, а полицајците пристигнале на местото на настанот за неколку минути. Кога наишле на напаѓачот, тој веднаш се предал и бил приведен“, изјави директорот на Бирото за истрага во Џорџија, Крис Хоси.

Напаѓачот, идентификуван како Коди Греј (14), средношколец, е во притвор и ќе биде обвинет за убиство и ќе му се суди како возрасен, додаде Хоси.

Повеќе полициски извори соопштија дека училиштето добило телефонска закана непосредно пред нападот, кога непознато лице изјавило дека училиштето „Виндер“ ќе биде првото од петте училишта во кои се планирало пукање.

Полициски претставници за Си-Ен-Ен изјавија дека не се знае кој го упатил повикот, но дека повикот се истражува.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна