Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Од:

Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во продолжение на серијалот објави за поранешната министерка на култура Бисера Костадиновска Стојчевска и патувањето во Виена.

– Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета. Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари? Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава? Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан? Утре продолжуваме со нови детали за патувањето на Антоанета во Виена и трошењето народни пари, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование

(BИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој

(ВИДЕО) Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии

А1он