Кузеска: За бегството на Рамадани владата сама се демантираше, Пандов и Меџити одговорноста ја лоцираа во МВР

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се изјавите на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде, посочи Богданка Кузеска, портпарол ма СДСМ.

Мицкоски по повеќе скандали се уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка. МВР е претворено во институција која нема контрола над затворениците, над мирот и безбедноста. Ако на тоа се додаде неспособноста на Панче Тошковски да управува со кризата со пожарите, тој не заслужува да биде во Владата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Курти пред победа на изборите во Косово

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев