На Крф пронајдено безживотно тело на Србин

Од:

Во саботата во стан на Крф било пронајдено тело на Србин (44) кој неодамна отишол таму на одмор.

Како што се дознава, не се работи за насилна смрт, туку мажот починал откако проголтал пет пакети со дрога, за кои се претпоставува дека е кокаин.

„Србинот бил на одмор на Крф, изнајмил стан на 7 август. Но, бил пронајден мртов во една од собите. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а по истрагата телото е испратено на обдукција во да се утврди причината за смртта, со оглед дека на телото немало видливи траги на насилство“, пишуваат грчките медиуми.

Според нив, по обдукцијата се покажало дека мажот не починал од природна смрт, туку проголтал пет пакетчиња прашкаста материја, бела по боја, тешка 83 грама, за која се претпоставува дека е кокаин.

Вештакот наведува и дека кај Србинот биле пронајдени траги од други психоактивни супстанци.

„Пластичните пакувања не биле целосно затворени кога мажот ги проголтал, што предизвикало отекување на органите, а исто така и појава на течност во белите дробови, по што настапила смрт“, велат грчките медиуми, по што се додава дека случајот е преземен од Обвинителството за наркотици.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски