Пожарникарите од Старо Нагоричане гасат пожар помеѓу Малотино и Рамно

Од:

Пожарникарите од Старо Нагоричане гасат пожар помеѓу Малотино и Рамно, информираа денеска од територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане. На терен е и полициски хеликоптер. Од пожарот зафатена е и дабова шума, гранки, нискостеблеста шума, но во близина е и борова шума.

– Дејствуваме на пожар помеѓу Малотино и Рамно. Тука се и екипа на „Национални шуми“ се обидуваме да го ставиме пожарот под контрола. Ја очекува поддршката и од припадниците на Армијата. Тука е полицискиот хеликоптер. Пожарот од Враготурце е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

На подрачјето на општина Куманово нема активни пожари соопшти утрово, командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

– Во општина Куманово нема активни пожари. Контактиравме со месно население од село Кокошиње, селото е безбедно, во моментот нема активни пожари на територија на Куманово, сношти сите пожари се ликвидирани, изјави Илиевски.

И пожарот во Живиње е завршен, екипите се повлечени од терен. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во Кшање и Кокошиње горела деградирана шума.

Инаку, кумановските пожарникари интервенирале во липковските села Лојане и Ваксинце и кај месноста Врело, а делувале и на уште една локација во близина на винарска визба. Според информациите на РЦУК Куманово, во Малотино опожарена е површина од 80-тина хектари деградирана шума, нискостеблеста шума, драка и сува трева.

Би можело да ве интересира

Уште чади депонијата „Дрисла“

ЦУК: Депонијата „Дрисла“ гори, од пожарот се испушта поголема количина густ чад кој се чувствува и во пошироката околина

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Активни се четири пожари на три локации во земјава

Томевски: Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево

Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно