CITY PARK BOYS се враќаат на трибините на КК Работнички

Од:

Навивачите на Работнички ставија крај на бојкотот на натпреварите на својот клуб, најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, КК Работнички.

Преку својата официјална фејсбук страна, навивачката група се огласи се враќа на трибините во салата “Градски парк“. Досега фановите на “црвено-белите“ беа незадоволни од работата на тогашната управа, но сега откако се формираше нова, со високи амбиции, повторно громогласно ќе пеат и ќе ја даваат силната поддршка.

Еве што друго стои во соопштението на Сити Парк Бојс:

„Полека но сигурно може да кажеме дека извојувавме уште една заедничка победа! Заедничка победа на сите оние кои во најпотребните моменти размислуваа со ладна глава и здрав разум. Никој од нас не е во заблуда дека борбата е завршена и едно е сигурно дека таа продолжува и понатаму да трае,но само што сега ќе игра голема улога во победничкиот пат на нашиот Работнички.

Не беше ни малку лесен изминатиов период, притисокот кој што се чувствуваше од сите страни мораше да се издржи само поради фактот дека еднаш засекогаш мораше сите да сфатат дека кој и да дојде во нашиот миленик мора да му е јасно дека ние и Работнички сме едно и никако поинаку.

Ние заедно се радуваме,заедно тагуваме и кога сите нив ги нема едниствени што остануваат до самиот крај а и потоа ,сме сите ние навивачите на Работнички. Сега конечно можеме да се посветиме на враќањето на магијата која некогаш владееше во Градскиот Парк, онаа магија од која на колена паднаа сите противници на нашиот Работнички.

Сите заедно со заеднички сили да се насочиме кон нови битки и да извојуваме нови победи во новата сезона!!! Ќе го следиме секој потег на новата управа, паметните ќе ги поздравиме а лошите жестоко ќе ги казниме. Шансата е дадена се надеваме дека паметно ќе се искористи и нема како некогаш повторно да биде злоупотребена.

Секогаш ке бидеме дежурен критичар на секоја управа во нашиот Работнички. И да не должиме повеќе БОЈКОТОТ ЗАВРШИ!!! РАБОТНИЧКИ ЗОШТО ЖИВОТОТ НЕМА ДРУГО ИМЕ!!!“

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски