Два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија, потврдија од Електродистрибуција.
Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
Невреме зафати попладнево делови од главниот град, кое беше проследено со дожд и силен ветер. Во општина Аеродром снема струја и дел од семафорите не работеа.
По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.