Во Кавадарци стартуваа есенските крводарителски акции

Од:

Eсенските крводарителски акции денеска стартуваа низ средните училишта во Кавадарци. Крв даруваа средношколците од четврта година при гимназијата “Добри Даскалов” од овој град, при што беа собрани 41 крвна единица.

– Според законот крв можат покрај полнолетните, да даруваат и средношколци со полни 17.5 години, но со претходно потпишана согласност од родител, нагласи Димитар Каракулев, претседател во Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци.

Акцијата беше реализирана во соработка со Центарот за трансфузиона медицина. Каракулев нагласува дека по гимназијалците во наредните денови доброволно ќе даруваат крв средношколците од „Киро Спанџов Брко” и „Ѓорче Петров”.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски