Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело

Од:

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување.

Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале.

Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.

– Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани