Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Од:

Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти. За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија. Но затоа – дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени. Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра? И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!? Внимавајте, 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време, рече Стоилковски.

Покажа фотографија која рече дека е од од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година направена како што тврди една недела по хаосот на Хирургија. Стоилковски обвини дека таа во Кабинет заедно со министерот си прославувала со торти додека како што рече цела Хирургија тоне.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ