Словенија ја призна Палестина

Од:

Словенечката влада објави дека се приклучува на малиот број европски земји кои ја признаваат палестинската државност.

Премиерот Роберт Голоб изјави дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и дека мерката најверојатно ќе биде поднесена до парламентот на конечно одобрување следната недела, пренесе новинската агенција СТА.

Словенија го следи патот на Ирска, Норвешка и Шпанија. Тие земји официјално ја признаа независна Палестина претходно оваа недела. Шведска го направи тој потег пред десет години.

Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел.

Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег