Коалициските партнери во новата влада ги поделија ресорите

Од:

Составот на новата влада е пред финален договор. Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер. Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на коалицијата Вреди.

Според информациите од работните групи, и преговорите со ЗНАМ финишираат. Тие, се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада, посочуваат партиски извори.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски