ВМРО-ДПМНЕ 341.255 гласови, СДСМ 117.076 гласови од 83% обработени гласачки места

Од:

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 82,43% од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 341.255 (42,75%), Европски фронт на ДУИ 115.111 (14,42 %), Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 117.076 (14,67%), а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 90.850 (11,38%).

Лавица има 54.842 гласови, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 41.670 гласови. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

Во Првата изборна единица има 313.183 гласачи, во Втората 321.087, во Третата 275.034, во Четвртата 278.721, во Петата 310.216 и во Шестата изборна единица 317.109 гласачи.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ