Носителот на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 2, Даниел Стојчевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска одржа прес
конференција на која се задржа на мерките од програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ во однос на правдата и борбата со криминалот и корупцијата.
Стојчевски рече дека граѓаните сега имаат можност да направат избор со кој ќе видат дека има начин за да биде подобро, а изборите што се прават сега ќе ја одредат иднината на нацијата. Тој потенцира дека изборите овој пат не се само за тоа кој ќе управува, туку се за враќање на довербата во институциите, како и за создавање на Македонија која е посилна, почесна, и поправедна.
„Ние сме тука да предложиме конкретни решенија за трајни промени. Нашата програма, “ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА”, се залага за темелна промена во правосудниот систем, каде што правдата е столб на општеството и каде за корупцијата нема место.
Првата мерка е зголемувањето на казните за злоупотреба на службена положба и овластувања, со казна затвор од минимум 10 години. Ние сметаме
дека казните треба да бидат строги за да се обесхрабри секој обид за корупција и злоупотреба.
Втората, ќе воведеме принцип на незастарување за делата на криминал и корупција. Престапите против државата и нејзините граѓани не треба и не смеат да бидат заборавени или игнорирани со текот на времето.
Третата, зајакнување на капацитетите и интегритетот на судскиот систем преку избор на судии и обвинители кои имаат докажано искуство и знаење, со минимално 10 години стаж и завршена Академија за судии и јавни обвинители.
Четвртата, укинување на доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители и воведување на систем за реизбор на секои шест години. Со
оваа мерка, тие ќе мора постојано да ја докажуваат својата компетентност и посветеност кон правдата.
Петтата, сите нотари и извршители ќе станат државни службеници, што ќе придонесе кон поголема контрола и стандардизација на нивната работа.
Шеста, зголемување на платите за администрацијата во правосудните органи за 30 проценти за да се овозможи најдобрите кадри да останат во нив“, рече Стојчевски.
Тој нагласи дека оваа битка е битка за сите нас, битка за почесна и праведна Македонија, без корупција и неправда. Според него секој од нас
е дел од решението и треба здружено да се работи за иднина во која правдата не е само идеал, туку ќе биде реалност за секој граѓанин на
земјата.
„Ние сме подготвени да дадеме „Максимум за Македонија“ и да застанеме рамо до рамо во борбата за подобра иднина, водени од љубовта кон нашата земја и желбата за подобрување на животот на секој еден нејзин граѓанин“ рече тој.
Запрашан кој е ставот на Движењето ЗНАМ во однос на коалициите за идната влада, и дали е Движењето ево преговори со ВМРО ДПМНЕ, Стојчевски
одговори:
„Уште пред почетокот на кампањата Движењето ЗНАМ како политичка партија најави дека на изборите учествува за граѓаните, ќе работи за нив и ја бара нивната поддршка. Ние сме можеби единствената партија која не е во коалиција со ниту една политичка партија на овие избори. За нашите идни коалиции ќе одлучува раководството веднаш по изборите.“
Стојчевски беше прашан и каков е коментарот во однос на изјавата, односно ставот на ВМРО ДПМНЕ дека се надеваат дека не постои тројански
коњ на власта во опозицијата, за што изјави:
„Вие гледате дека во изминатите денови, а особено по првиот круг на претседателските избори, каде што многумина беа изненадени од освоениот број на гласови што ги доби Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, дека сме мета на напади од двете најголеми политички партии поради тоа што, претпоставувам, се загрижени поради бројот на освоени гласови. Ние сме политичка партија која работи во интерес на граѓаните и тоа го покажавме со нашето делување во изминатите неколку месеци“.
Стојчевски исто така пред новинарите рече дека врвен државен приоритет е да се избере Претседател на Македонија.
„Двиежењето ЗНАМ ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да гласаат за Претседател наМакедонија по сопствено убедување. Истовремено
ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат Движењето ЗНАМ и да гласаат за број седум“, рече на денешната прес конференција Даниел
Стојчевски, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.