“Qinshift Academy” со фонд до 50 000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

Од:

Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира традиционалниот „Challenge Day“,каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.
Настанот ќе се одржи на 25ти (четврток) и 27ми (сабота) април, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. За биде предизвикот поголем оваа година е зголемена поддршката на нови студенти со обезбедување на фонд од 50 илјади евра за заинтересираните студенти на Qinshift Academy.
“Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро, – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.
Сhallenge ќе го опфати академиите на Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графчки дизајн, гејм дизјан, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање, Data Science и дигитален маркетинг.
Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација.

Би можело да ве интересира

Влен: Албанската Академија е исклучиво научен проект

(ВИДЕО) Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите и тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, Владата и на академиците

ВЛЕН: Академијата на Албанците за наука и уметност станува реалност!

A1on

Таравари доби поддршка од сите членови на Академијата на Алијанса за Албанците

A1on

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална QinshiftAcademy

А1он

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот