Влен: Албанската Академија е исклучиво научен проект

Од:

Албанската академија е исклучиво научен проект, кој има за цел да ја унапреди академската мисла. Бидејќи Албанските интелектуалци систематски се дискриминирани во МАНУ, тие немаат простор каде да делуваат. Поради тоа, ние бевме принудени да создаваме платформа која ќе овозможи развој на научната мисла, велат од Влен.

„Додека МАНУ покажува инертност за реформи и одбива да ја прифати сегашната фактичка состојба, албанските интелектуалци се принудени да создадат платформа која нема да работи според политички или етнички критериуми, туку само врз основа на науката. Во 21 век, неприфатливо е да има противење на научните трудови и на унапредувањето на знаењето. Апелираме до сите политички партии наместо да критикуваат, да се охрабарат и да дадат поддршка за оваа иницијатива, за преку инклузивна дебата да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови. Како Влен, не можеме да ја прифатиме логиката на двојна негација, каде што МАНУ не ги отвора целосно вратите за Албанците, а истовремено се проблематизира основање на Албанската академија“, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси