Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Од:

Академијата за сајбер безбедност која што формираше Американскиот универзитет на Европа – ФОН го привлече вниманието и станува атрактивна во регионот.

Во рамките на продлабочување на соработката со универзитети од регионот, ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска оствaри работна посета на Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ), приватен универзитет од Софија, Република Бугарија.

На средбата со ректорот на ВУЗФ универзитетот проф. д-р на правни науки, Борис Велчев, ректорката Пулеска Јанушевска ја промовираше Академијата за сајбер безбедност на АУЕ – ФОН како регионален центар за обука на професионалци од областа за сајбер безбедност во соработка со ThriveDX од Израел, што предизвика голем интерес во Бугарија, заради можноста за професионална едукација и усовршување на кадри за најбараната професија на денешницата.

Ректорите на двата универзитети на денешната средба потврдија дека е започната постапка за акредитација на наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН за менторирање на докторски студии на ВУЗФ универзитетот.

Наставниот кадар од АУЕ-ФОН ќе има можност да менторира докторски студии од областа на економијата на две програми: финансии, осигурување и социјално осигурување, како и сметководство, контролинг и анализа.

Во исто време, академскиот кадар од АУЕ -ФОН ќе може да објавува свои трудови во релевантни меѓународни списанија во Бугарија.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН како резултат на веќе воспоставеното стратешко партнерство и соработка со ВУЗФ универзитетот од Софија, на своите сегашни и идни студенти и алумни им овозможува да се стекнат со двојни дипломи од областа на бизнис економија, менаџментот и финансиите за прв и за втор циклус на студии.

Со двојните дипломи на студентите на АУЕ – ФОН им се отвораат нови перспективи за професионален и кариерен развој во Европа и пошироко, како и со стекнување на академска квалификација која без процедури на нострификација е валидна во државите членки на ЕУ.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

АУЕ – ФОН стана дел од Балканската асоцијација на економски универзитети

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска

Прв академски час на 20-та генерација на студенти на Американскиот универзитет на Европа – ФОН за 2022/2023 година

Ана Ололовска

Промовирани двојните дипломи на АУЕ – ФОН со меѓународни универзитети од Германија, Франција, Бугарија и Израел

Ана Ололовска

Американскиот универзитет на Европа-ФОН му додели титула „Doctor Honoris Causa“ на европратеникот Илхан Ќучук