Јаневска: Издадовме решение за привремен престанок на работа на Факултетот за бизнис економија во Скопје

Од:

Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најави денеска ресорната министерка Весна Јаневска.

По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, посочи дека со цел подигање на квалитетот на високото образование МОН формирало комисии кои прават увид во нивното работење.

– Направен е увид и во оваа институција, каде се утврдени бројни неправилности, од кадар, опременост. Им дадовме еден месец рок да ги поправат тие неправилности, но бидејќи воопшто не изреагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности се обративме до Агенцијата за квалитет во високо образование која потврди дека овој т.н. факултет е нефункционален и според законот ние вчера издадовме решение за привремен престанок на работа на оваа високо образовна установа, појасни Јаневска.

Посочи дека досега се затворени 14 приватни научни институти, а ова е првата високо образовна приватна установа, која нема повеќе да работи.

– Се надевам дека по урнекот на приватните универзитети и дел од високо образовните установи кои навистина не исполнуваат услови сами ќе пристапат кон процес на затворање ако не ние ќе ги затвориме, изјави Јаневска.

МОН вчера информираше дека поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување била донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација