Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална QinshiftAcademy

Од:

Македонскиот број еден бренд за едукација Сеавуседукативен и развоен центарстанува QinshiftAcademy. Академијата ќе ги соедини домашните практики со светските стандарди во ИТ, дигиталните комуникации и дизајнот и ќе нуди уште подобри програми за доусовршување и развој.

„Првиот едукативен и развоен центар за ИТ технологииСЕДЦ отсега ќе работи како QinshiftAcademy. Ребрендирањето еприроден и очекуван чекор во процесот на растење и проширување, примена на глобално искуство ииновации во ИТ образованието и етаблирање како глобален бренд. Со ребрендирањето во QinshiftAcademyстудентите и партнерите може да го очекуваат препознатливиот квалитет на програмите од кои најголем дел се веќе меѓународно сертифицирани, но истотака избогатување со нови атрактивни програми и што е најважно глобални можности“, истакна Весна Иваноска, генерален менаџер на QinshiftAcademy.

QinshiftAcademyќе ја зајакне лидерската позиција на поранешниот СЕДЦ, којшто во текот на 13 години се покажа како беспрекорен во следење на потребите на индустријата, но и во чекор со најновите технолошки трендови. Оваа надградбаќе донесе и раст и проширување на дејноста на компанијата и освојување на нови пазари првенствено во земјите каде Qinshiftима свои претставништва.

„Приказната за СЕДЦ започна скромно во 2010 година, но набргу благодарение на експертизатаи искуството во ИТ, создадовме оригинални програми за стекнување квалификации според потребите на пазарот на трудот со над 250 професионаци – ментори вклучени во развојот на истите, со што почнавме да ја остваруваме својата визија за модерно оброзование.Развојот продолжи со двата големи проекти „IТhink-академија“прва ИТ академија за деца и Сеавус Акцелераторот– Првиот корпоративен технолошки Акцелератор преку кој поддржавме над 50 македонски стартапи.Со отворањето на претставништво во Србија и проширувањето на програмите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, итн., СЕДЦ стана препознатлив бренд низ целиот Балкан, а со трансформацијата на голем дел од програмите во онлајн продукти кои се реализираат на англиски јазик, станавме достапни и низ цела Европа.

За влијанието, зборува и фактот што низ академиите и обукитеорганизирани од СЕДЦ се едуцирале над 20 000 студенти.Со пристапувањето конглобалното семејство на Qinshift-моќен глобален технолошки гигант кој денес го чинат повеќе од 3500 професионалци, над 300 клиенти и 28 канцеларии низ светот, QinshiftAcademyи официјално сеетаблира како глобален бренд“, додава Иваноска.

Станувањето QinshiftAcademy е дел од интеграцијата на Сеавус кон Киншифт (Qinshift), глобална технолошка компанија со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи.

ПР текст

Би можело да ве интересира

“Qinshift Academy” со фонд до 50 000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

Орце Костов

(ИНТЕРВЈУ) Игор Лештар: Со стратешки партнер како „Арикома“ го носиме „Сеавус“ на следното ниво на развој

Мери Јордановска

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Ана Ололовска

Отворен ден на коработење во Сеавус Инкубатор

Наум Локоски