Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба во Дагестан, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа руска република во Северен Кавказ.
Во инцидентот се убиени еден полицаец и еден соработник на Федералната миграциска служба. Петмина од повредените се здобиле со полесни повреди, а еден во тешка здравствена состојба.
Нападот бил извршен во близина на реонскиот оддел за внатрешни работи во село Хучни, во јужниот дел на Дагестан.