Јакимовски: Пендаровски и Силјановска Давкова бегаат од дебата и соочување

Од:

Toa што кандидатот на владејачката партија на централно ниво, СДСМ, Стево Пендаровски и на владејачката партија на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова бегаат од соочувања само го потврдува нивниот страв од вистината, нивниот страв од сопствената неподготвеност.

Ако кукавички се однесуваат денес за време на дебати, значи дека кукавички ќе се однесуваат и утре ако некој од нив стане претседател на државата, објави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

Дебатата и јавните соочувања се основната вредност на демократијата. За какви фер и демократски избори говориме, кога за изборите за највисоката државна функцја нема ниту една единствена дебата меѓу кандидатите?

На крајот и Пендаровски и Давкова треба да знаат дека можат да избегаат од соочување со мене, но од соочување со народот на 24 април нема да избегаат. Тогаш ќе видат што точно народот мисли за нив, напиша Јакимовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он