Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Од:

Обвинителството го очекува извештајот од претресите во КПУ Идризово, каде беа најдени два тунели кои затвореници ги подготвувале за бегство од најголемиот затвор во Македонија. Од таму за А1он велат дека откако ќе го добијат извештајот, ќе може да даде повеќе информации.

Од МВР пак, остануваат на вчерашното соопштение, дека под координација на скопското обвинителство и по барање на КПУ Идризово, дале асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија. Претресите според нив се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми, но од овие информации, нема официјална потврда ниту дали затворениците кои сакале да избегаат биле пресретнати.

Официјални информации засега не дава ниту директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ, кој информациите ги чека од директорот на Идризово.

Тунел подготвен за бегство во Идризово беше пронајден пред само една година, кога под сомнение дека помагале во ископот беа и вработени во затворот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски