Молотови коктели на протест во Тирана

Од:

На протестот организиран во Тирана од опозициските партии кои бараат смена на градоначалникот, демонстрантите се судрија со полицијата пред градското собрание на албанскиот главен град, објавија локалните медиуми.

Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана.

Насобраните бараат смена на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијаи и го обвинуваат за корупција.

Ова е втор протест организиран пред општинската зграда во последните неколку дена, а кој уследи по апсењето на повеќе директори и поранешни директори на градски фирми осомничени за корупција, перење пари и кршење на еднаквоста на тендерите.

Опозицијата тврди дека Вељијај е вмешан во коруптивни дела кои ги истражува Специјалното обвинителство.

Вељијај, пак, изјави дека „не се чувствува добро“ поради апсењето на неговите соработници, но нагласи дека обвиненијата мора да се докажат на суд.

Тој додаде дека не го прекршил законот.

Би можело да ве интересира

Убиен е ученик во Тирана, двајца се повредени

А1он

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Земјотрес ја стресе Тирана