Северна Кореја: 50 проценти од населението се нарко-зависници

Од:

Според најновото истражување спроведено од двајца научници со седиште во Јужна Кореја, корумпирани официјални лица и криминални банди во договор со севернокорејски научници произведуваат големи количини метафетамин, наменет за извоз.

Поради големата распространетост дури 50 проценти од населението на Северна Кореја се зависници од овој вид дрога.

Истражувањето е засновано на интервју, на 21 лице кои што заминале во Јужна Кореја.

Според извештајот од истражувањето, Северна Кореја, погодена од распадот на Советскиот Сојуз, започнала со производство на метамфетамин, за извоз во големи лаборатории во сиромашниот северен регион на државата.

Поради големиот раст на употреба на наркотици, пред осум години е спроведена акција за намалување на бројот на лабораториите, но невработените научници и техничари основале уште поголем број свои домашни лаборатории и се здружиле со шверцерите.

-Тоа главно беа стари лица кои тешко живееја. Приватните работодавачи започнаа да ги бараат и да ги вработуваат- вели еден Севернокореец.

Меѓу корисниците на метамфетамин има жени, војници, пациенти.

-Луѓето во Северна Кореја не се свесни за несаканите дејства кое средството ги има. Тие веруваат дека ќе им ја намали болката и го доживуваат како универзален лек-вели коавторот на извештајот професор Ким Сук Хјанг.

Дури и родителите им го даваат на децата, не ни помислувајќи на последиците.

-Жената со која што зборував и ја давала дрогата на својата единаесет годишна ќерка за полесно да се подготви за приемниот испит во елитно средно училиште, вели професорот.

Експертите сметаат дека дури 40 проценти од севернокорејските приходи од странство потекнуваат од незаконски активности.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња