МВР извести дека вчера во 20.47 часот било пријавено дека околу 13 часот во пехчевското село Умлена, Ј.Д.(69) од истото село, откако се симнал од тракторот кој го управувал, тракторот почнал да се движи и го прегазил.
Ј.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во клиничкиот центар во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.