Моторцикл се судри со трактор во валандовско, загина 34 годишник од Јосифово

Од:

МВР информира дека вчера попладне околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с. Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с. Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с. Јосифово, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.

Би можело да ве интересира

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он