43-годишен маж загина во судар помеѓу трактор и автомобил во близина на Струмица

Од:

Во полициската станица во Струмица вчера е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „сеат“ управувано од Љ.Р.(72) од село Вељуса и трактор „имт 539“ управуван од Д.С.(43) од село Баница.

Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени