(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Од:

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволно од пресудата на судот против двајцата обвинети за грабнувањето на младиот скопјанец и ќе се жали на повисок суд.

– Судот е корумпиран и е потплатено се. Не може некој да украде велосипед или да украде дрва и да добие повисока казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Ќе се жалиме секако. Некого да го удриш ќе добиеш повисока казна од ова. Како добија тие од 27 април поголеми казни а никого не убија или киднапираа. Сите во парламентот си седат си крадат, а тие лежат со години. Тука син ми го нема, исчезнат е и тој е убиен и овие казни се смешни.

Што ќе пронајдеш кога се е корумпирано. Полицијата ја заташка целата работа кога почна истрагата затоа што тоа е една група која работела за полицијата. Со вакви минимални казни ова не е држава, ова е картел. Не веруваме во судот ниту во пресудата. Ова беше театар. Да дадеш автомобил, ти си соучесник на сторено дело, како да си дал оружје. Не можам да разберам како овие судат – револтирано одговори таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски.

Виктор Милановски доби казна затвор пет години и десет месеци а Саша Челикиќ доби казна од две години и два месеци откако беа прогласени за виновни за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

Пронајдени се остатоците од исчезнатиот хеликоптер Ми-8 на Камчатка

Горан Наумовски

Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Пронајдено e телото на познатиот британски ТВ лекар кој исчезна во Грција

Потрагата по исчезнатиот британски ТВ лекар се уште е во тек

Четворица мажи грабнале познаник за наводен паричен долг, му се заканувале со оружје