Голем пожар избувна во населбата Торе во Бразил во четвртокот, а напорите за гаснење продолжија и денеска. Противпожарната служба преку соопштение соопшти дека е повикана во 20.05 часот. Оттаму рекоа дека на местото на настанот најпрво се испратени четири возила две противпожарни возила, платформа и оперативно командно возило.
❗🔥🇧🇷 – #BREAKING: A large fire hits a building under construction in the city of Recife in Brazil.
The situation is quite serious, it is possible to see parts of the works collapsing.
Firefighters are already at the scene – but have not yet issued a statement. pic.twitter.com/JAivzMxulT
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) March 29, 2024
Имаше извештаи за запалени делови од зградата кои паднале на тротоарите и улиците од високата градба која беше зафатена во пожар. Репортерската екипа на ТВ Глобо излегла на местото на пожарот и утврдила дека од пожарот биле зафатени најмалку седум ката од зградата. Надлежните превентивно ја исклучиле струјата и евакуирале голем број луѓе од блиската зграда.
Засега нема пријавени жртви.