ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Од:

Американските власти тврдат дека нападот врз трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во Москва во петокот на 22 март го извршила најнемилосрдната фракција на Исламската држава Хорасан (ИСИС-К) и предупредуваат дека има способност и волја да ги нападне САД и западните интереси во следните шест месеци, пишува Њујорк Тајмс.

Весникот објави дека шефот на Централната команда на американската војска, Мајкл Курила, го предупредил комитетот на Долниот дом на Конгресот на 21 март дека ИСИС-К „има способност и волја да ги нападне американските и западните интереси во следните шест месеци речиси без предупредување“.

Брус Хофман, истражувач на тероризмот во Советот за меѓународни односи, ги отфрли тврдењата на Русија дека Украина стои зад терористичкиот напад во Москва и посочи дека тоа е „класичен начин на работа на ИСИС“.

Ова е нивни трет напад на концерт на северната хемисфера во изминатата деценија, вели Хофман и потсетува на нападот во Париз во 2015 година на театарот Батаклан и на бомбашкиот напад во Манчестер во 2017 година, на концертот на пејачката Аријана Гранде.

„ИСИС-К ја гаѓаше Русија во последните две години и често го критикува претседателот Владимир Путин“, рече експертот за антитероризам Колин Кларк, додавајќи дека групата „го обвинува Кремљ дека има муслиманска крв на рацете, мислејќи на интервенциите на Москва во Авганистан. Чеченија и Сирија“.

Тој додаде дека голем број членови на ИСИС-К се од Централна Азија, и дека живеат и работат во Русија.

„Заканата од ИСИС останува главна грижа во борбата против тероризмот“, рече директорката на американското национално разузнавање Аврил Хејнс и посочи дека најголемиот број глобални напади на ИСИС ги извршила групата ИСИС-К.

Групата ИСИС-К стана позната откако Талибанците дојдоа на власт во Авганистан во 2021 година, кога нејзин член, бомбаш самоубиец, уби 13 американски војници и 170 цивили.

Иако многу од нападите на групата беа успешно извршени во близина на границата со Пакистан, повеќето од нивните планови во Европа беа срушени со помош на западните разузнавачки служби.

Во јули 2023 година, Холандија и Германија во заедничка операција уапсија седум Таџикистанци, Турци и Киргистанци поврзани со мрежата ИСИС-К, осомничени за планирање напади во Германија, според Њујорк тајмс.

„Досега ИСИС-К првенствено се потпираше на неискусни оперативци во Европа за да извршуваат напади во нејзино име“, рече директорката на Националниот центар за борба против тероризмот, Кристин Абизед.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад