Тошковски: Осуда за нападот во Москва, потребна е одлучна борба против тероризмот

Од:

Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала “Крокус сити хол” во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, вели техничкиот министер за внатрешни работи.

Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми, додава тој.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Москва призна: Ова е најголемиот напад на украинските сили во последните две години

Украинците нападнаа рафинерија во Москва – снимен е моментот на нападот

Тошковски: Нападите врз дипломатски објекти нема да останат неказнети

Лукашенко: Москва е гарант на новиот светски поредок

Украина започна напади врз Русија – Москва е на удар

Москва со закана до Вашингтон: Отстранете го нуклеарното оружје од Европа

А1он