Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Канцеларијата на претседателот на Украина набргу потоа негираше дека таков предлог бил упатен.

Според изворите на агенцијата, Трамп го изнесе предлогот за време на средбата со Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Зеленски, според истите извори, го одбил предлогот, а извори блиски до украинскиот претседател наведоа дека особено го вознемирило тоа што Трамп му предложил да отпатува во Москва.

Канцеларијата на украинскиот претседател, сепак, негираше дека Трамп му предложил на Зеленски да отпатува во Москва, објави новинарот на „Фајненшел тајмс“, Кристофер Милер.

Според изворите на кои се повикува Милер, Трамп и Зеленски разговарале за можноста за одржување трилатерални преговори, но Трамп не му предложил на Зеленски да отпатува во Москва на средба со Путин.

Кремљ во повеќе наврати соопшти дека средба меѓу Путин и Зеленски би можела да се одржи во Москва.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на 23 септември рече дека ставот на Москва е познат и дека Зеленски може да дојде во Москва доколку сака, со безбедносни гаранции.

На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, дописник на руската државна телевизија се обиде да го праша Зеленски кога ќе ја посети Москва.

Зеленски првично го игнорираше, но на крајот, без да се сврти кон новинарот, одговори: „Со ракета“.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници