Матичен доктор бил избоден до смрт во кругот на Поликлиниката Железара. Веста за „А1он“ ја потврдија МВР.
„На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Нападот врз него бил извршен на паркингот пред приватната болница Ремедика и Поликлиниката Железара.
За сега не е познато кој стои зад убиството но полицијата работи на расчистување на случајот.