(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски наместо претседател беше курир на Заев и Ковачевски

Од:

На денешната прес конференција ќе покажеме зошто на Македонија не смеат да и се повторат ниту Стево Пендаровски, ниту СДС. Изминативе 7 години со СДС и 5 со Пендаровски беа понижување за нацијата и државата. Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Токму ова е пример како не треба да се однесува претседателот на Македонија. Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена. Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата. Од големата „љубов“ на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат. На Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година