Кривични за комадир од Радовиш, заменик началник од Струмица – дозволиле да застари дело на колега

Од:

Кривична пријава против тројца членови на дисциплинска комисија од СВР Струмица, поради настанување на застареност во водење дисциплинска постапка. Кривичната е поднесена по инцијатива на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој самиот на Фејсбук објави дека до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против членови на дисциплинската комисија во СВР Струмица.

Кривичната е против  командир во полициска станица Радовиш, Помошник началник во СВР Струмица и главен инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица.

Членовите на Комисијата се товарат дека дозволиле да застари дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица кој бил фатен во кражба на атрефакти од културно наследство, како и за злосторничко здружување и кому му е изречен притвор од 30 дена. Членовите на комисијата дозволиле да истече законскиот рок од 12 месеци и постапката против вработениот застарела.

Министерот Тошковски соопшти дека од страна на Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОК поднесена е кривична пријава против горенаведеното лице за кривично дело „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“, при што за вработениот – полициски службеник одредена е мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа од страна на ОВККИПС на 24.12.2022 бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Од страна на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Струмица на 15.01.2024 година била одржана расправа и притоа таа му предложила на министерот да донесе решение за утврдување дисциплинска мерка „парична казна“. Имајќи предвид дека согласно Закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21.12.2023 со што членовите на комисијата сториле кршење на Дисциплинскиот договор на МВР.

„Имајќи го предвид ова, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесе известување до надлежното Обвинителство и поведување дисциплинска постапка против лицата А.Т. на работно место Главен инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица, Б.К. на работно место командир во ПС од ОН Радовиш и Ј.В. на работно место Помошник началник во СВР Струмица.“, вели Тошковски во објавата.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мирен изборен ден – нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он