Каракачанов: Макрон го турка светот во војна

Од:

Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потенцијалното распоредување сили во Украина се резултат на неговата решеност да ја врати земјата во статус што големите играчи би го сфатиле сериозно, изјави поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој додаде дека тоа го турка светот во војна, пишува Спутник.

„Нискиот раст отсекогаш водел до амбиции да се покаже големина. Така беше и со Наполеон, само што беше успешен император и врховен командант. Сè е многу едноставно: никој повеќе не смета на Франција во големата игра“, рече тој, додавајќи дека економијата на Франција е во криза поради миграцијата.

Од друга страна, додаде тој, Франција неодамна катастрофално ја загуби својата позиција во Африка, каде управуваше со своите поранешни колонии преку марионетски влади и економски ги извлекуваше нивните природни ресурси – алуминиум, нафта, гас и друго.

Поранешниот бугарски министер ја коментираше и неодамна објавената аудио снимка на која високи германски офицери разговараат за можноста за напад на Крим.

„Но, како што можете да видите, Шолц, кој отворено ги следи американските наредби во врска со војната во Украина, се спротивстави на идејата за испраќање трупи на НАТО во Украина. Тој, исто така, барем засега ја прекина испораката на ракетите со долг дострел Таурус на Украинците. И протече снимка од плановите на Германците. Огромен скандал“, изјави Каракачанов и додаде дека луѓе како Макрон го туркаат светот во војна.

„Макрон го прави истото со своите бесмислени идеи и јасно гледа како ја губи довербата кај Французите“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО на Каракачанов и Џамбаски: ЕУ ги измами Бугарите со тоа што го прифати македонскиот јазик

A1on

Најмалата бугарска парламентарна партија ќе го тужи Красимир Каракачанов поради договорот за Ф-16

А1он

Стејт департментот вели дека се кршат правата на Македонците во Бугарија, за Каракачанов тоа се информации од соросоиди

Жарко Настоски

Реакции во српските медиуми по честитката на Каракачанов со карта на „Голема Бугарија“

Жарко Настоски

Каракачанов сака да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов

Катерина Ѓуровски

Каракачанов: Бучковски има добра волја, но немаат тие што го испраќаат

Катерина Ѓуровски