Каракачанов: Бучковски има добра волја, но немаат тие што го испраќаат

Од:

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за медиумите денеска ја најави средбата со специјалниот пратеник на македонската Влада, Владо Бучковски, порачувајќи Македонија да не се надева на компромис од бугарска страна.

„Ова е трет пат да се состанеме по ова прашање. Верувам дека Бугарија има јасен став и крајно време е во Скопје да започнеме со читање на одлуките на бугарскиот парламент. Мислам дека нема смисла да капнуваат чаршиски разговори. Г-дин Бучковски е добронамерна личност. Има политичко искуство, писмен човек, со добар став кон Бугарија. Не случајно е избран за преговарач и посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Се користи за демонстрација на добра волја. Тој самиот има добра волја, но оние што го испраќаат немаат добра волја“, додаде Каракачанов.

Според него, Скопје не направило ништо повеќе од три години, а сега продолжува да се потпира на фактот дека и покрај одлуките на бугарската влада и парламентот, може да се постигне компромис со позицијата на Бугарија.

„Додека во учебникот по Историја во Македонија пишува дека ние Бугарите сме фашисти, окупатори и Татари, не може да има разговор“, нагласи Каракачанов.

Вели дека Северна Македонија има право на својот идентитет каков што е од неговото настанување, но не треба да краде туѓа историја со создавање лажен идентитет.

„Имаш право да го заштитуваш својот идентитет таков каков што е од тогаш од кога е појавен, а не крадејќи туѓа историја да си создаваш лажен идентитет и да велиш „не е европски да се противите да имаме свој идентитет“. Вие си имате идентитет создаден од Јосип Броз Тито и од Коминтерната, заштитувајте си го и никој не ви посега по него, но Цар Самоил е бугарски цар и не војувал против Бугарија како што пишува во вашите учебници“ – вели Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Каракачанов: Макрон го турка светот во војна

Горан Наумовски

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов