ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, краде авторски видео материјали за пропагандни спотови обвинува штабот на Пендаровски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија. Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски велат од изборниот штаб на Пендаровски.

– Во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште „Никола Карев“ која се случи во април 2022 година. Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ. Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Катерина Ѓуровски

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски