(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски лажеше кога викаше “Нема правда, нема мир”

Од:

Стево Пендаровски дојде на власт на бранот „Нема правда, нема мир”, го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа. Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал. Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека “Нема правда, нема мир” беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста. На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони. Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

(ВИДЕО) Лефков: Бисера купувала карти за Дубаи од 3.000 евра како за службено патување, а потоа не одела

Бисера Костадиновска со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Катерина Ѓуровски