Американски дипломат вработен во Амбасадата на САД во Израел е пронајден мртов.
Американската амбасада ја потврди информацијата за смртта на дипломат во Ерусалим, истакнувајќи дека тоа не е американскиот амбасадор во Израел.
Иако не се дадени информации за причината за смртта на американскиот дипломат, во соопштението се наведува дека нема сомнителни околности за смртта.
Израелските медиуми јавуваат дека дипломатот бил пронајден мртов во неговиот стан во Ерусалим.